Погледнете го интервјуто со американскиот експерт во областа на перење пари, Марк Нанс. Темата е – можат ли украдените испрани пари во Македонија да бидат најдени и вратени.
– Важно за враќање на парите назад, ако може да им се влезе во трагот, се односите со земјата каде се однесени. Ако се однесени на оф-шор дестинација, неопходни се добри релации со таа земја. Бидејќи, под претпоставка дека парите се испраќани по приватни канали низ приватниот сектор во некоја форма во друга земја, на крај неопходно е другата земја, да речеме САД, или било која друга јурисдикција, да речеме Швајцарија, тогаш подразбира добри односи со македонскта влада и таа влада, на земјата-примач. Бидејќи владата-примач мора да спроведе свој законски процес, за да ги замрзне тие средства и да помогне да ги идентификува тие средства – вели Нанс.
Тој вели дека според досегашното искуство, повратот на овие средства многу ретко се случува.
– Мислам дека не тргнувате во оваа работа за да ги вратите парите, туку пред се, да се спречи повторно да се случи такво нешто во иднина – вели Нанс.