Модуларната болница, која е во кругот на велешката Општа болница, од денеска е затворена. Како што соопштија од болницата, имало значително намалување на бројот на хоспитализирани пациенти, па сите на кои ќе им биде потребно болничко лекување, а се ковид-позитивни ќе се хоспитализираат Инфективното одделение.
Инаку, модуларната болница со капацитет од 47 кревети профунционира на крајот на февруари.
Денеска вкупно се хоспитализирани 14 пациенти, од кои тројца се потврдени позитивни, двајца сомнителни и девет пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се шест пациенти, а испишани биле двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.