Во нападот, како што вели регионалниот гувернер, оштетена е цивилната инфраструктура во градот
Три лица се загинати, а три се повредени во денешниот руски ракетен напад врз украинското пристаниште Одеса, вели регионалниот гувернер Олех Кипер.
„Непријателот ја нападна Одеса со балистички проектили. Во нападот загинаа три лица, а тројца се повредени. На повредените им е укажана сета неопходна медицинска помош“,
изјави градоначалникот на Одеса Генадиј Труханов на социјалната мрежа Телеграм.
Кипер додаде дека во нападот оштетена е цивилната инфраструктура во градот.
⚡️Russian missile attack on Odesa kills 3, injures 3.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) April 30, 2024
Russian forces attacked the southern port city of Odesa with ballistic missiles the night of April 30, killing three people and wounding three others, regional Governor Oleh Kiper reported.https://t.co/ElwbQUXzbs
Русија во изминатите денови постојано ја напаѓа Одеса, вклучително и нападот на 29 април кога, според официјалните лица, загинаа пет цивили, а 23 беа повредени.
Врховниот воен командант на Украина, генерал-полковник Олександар Сирски, во неделата предупреди дека ситуацијата на истокот на земјата е влошена и дека Русија напаѓа „по целата линија на фронтот“.
Руската армија редовно ги напаѓа украинските региони со различни видови оружје – нападни беспилотни летала, ракети и противвоздушни ракети. Москва негира напад врз цивили од почетокот на инвазијата на Украина.