На снимката објавена од „Киев пост“ се гледа запалената зграда и пристигнувањето на пожарникарите на местото на нападот
Најмалку 20 лица се ранети во денешниот напад на руската армија врз Одеса, најголемото украинско пристаниште на Црното Море, соопшти Хенади Труканов, градоначалник на Одеса.
Во нападот беше погодена зградата на Правниот факултет, на украинската јавност попозната како „замокот на Хари Потер“.
На снимката објавена од „Киев пост“ се гледа запалената зграда и пристигнувањето на пожарникарите на местото на нападот.
❗️20 people were injured as a result of the Russian army’s strike on #Odesa, the mayor of the city, Hennadiy Trukhanov said. pic.twitter.com/juHYe80Ugi
— KyivPost (@KyivPost) April 29, 2024
Неофицијалните информации велат дека станува збор за руски ракетен напад.
Црноморското пристаниште Одеса е важно за украинските извозници и редовно е цел на смртоносни ракетни и напади со дронови.
Во исто време, во Харков, вториот по големина украински град кој често е цел на руски напади, денеска во руски напад е ранет еден цивил, соопштија локалните власти.