Најмалку три лица загинаа, а 24 се повредени во вчерашниот напад во Џалалабад, источен Авганистан, а одговорноста за нападот ја презеде Исламскатa држава.
Пред затворот во Џалалабад вчера прво беше детонирана автомобил-бомба, а потоа уследиле уште две помали експлозии пред затворот, по што екстремистите се судриле со полицијата.
Судирите помеѓу полицијата и екстремистите продолжиле и во текот на ноќта.
Нападот се случи еден ден откако Авганистанската разузнавачка агенција соопшти дека безбедносите сили во близина на Џалалабад убиле командант на ИД.