Сепак, оптимизмот дека кризата поминува се намалува со појавата на нови варијанти на вирусот
Пандемијата слабее, бројот на пријавени случаи на коронавирус опаѓа во последниот месец ширум светот и денеска е најмал од средината на октомври, покажуваат податоците на Ројтерс, како што пренесува Хина.
Опаѓањето на бројот на инфекциите се совпаѓа со мерките за заклучување и рестрикциите за собирање и за движење, додека владите се обидуваат да ги усогласат ограничувањата со враќањето на работниците на работа и децата на училиште. Но, оптимизмот дека кризата поминува се намалува со појавата на нови варијанти на вирусот и се поголеми се стравувањата околу ефикасноста на вакцината.
„Сега не е време да се опуштиме. Не смееме да се доведеме во ситуација повторно да расте бројот на случаи, “,
рече Марија Ван Керхове од Светската здравствена организација на прес-конференција во Женева.
Врз основа на просекот од седум дена, денеска во светот се пријавени 351 335 нови случаи , во споредба со 860 737 на 7 јануари. Бројот на починати се намали од 17 649 на 26 јануари на 10 957 на 16 февруари.