Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, цитиран од ТАСС, изјавил дека воздушната одбрана уништила 81 беспилотно летало што се упатило кон Москва, ноќта меѓу саботата и неделата, што укажува на размерот на украинскиот напад врз руската престолнина, пренесе Ројтерс
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски во петокот најави дека неговата земја ќе се одмазди по дводневните најжестоки руски напади со беспилотни летала и ракети врз Киев од почетокот на војната пред повеќе од четири години
Најмалку четири лица загинале, од кои три во Московскиот регион, откако Украина го започна својот најмасовен напад со беспилотни летала врз руската престолнина во изминатата повеќе од една година, соопштија вчера локалните власти, пренесе Ројтерс.

Четвртото лице е убиено во регионот Белгород, кој се гранични со североисточниот дел на Украина, соопштија локални функционери, додека руското Министерство за одбрана информира дека до вчера попладне повеќе од 1 000 украински беспилотни летала биле соборени над земјата во последните 24 часа.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски во петокот најави дека неговата земја ќе се одмазди по дводневните најжестоки руски напади со беспилотни летала и ракети врз Киев од почетокот на војната пред повеќе од четири години.
Потврдувајќи го нападот, Зеленски на социјалните платформа Икс објави видео-снимка од беспилотно летало во движење, облаци црн чад и противпожарни екиши како се убидуваат да изгаснат пожар, избувната како последица на напад.
„Нашите одговори на продолжувањето на војната од страна на Русија и нејзините напади врз нашите градови и заедници се целосно оправдани“,
наведе украинскиот претседател.
Тој додаде дека Украина е способна да погоди цели оддалечени повеќе од 500 километри од границата и покрај густата воздушна одбрана околу Москва.
„Јасно и кажавме на Русите – нивната држава мора да ја заврши војната што ја почна“,
додаде тој.
Подоцна во своето вечерно видеообраќање, Зеленски изјави дека зголемената воена активност на Украина предивикала промена во рамнотежата на дејствијата на фронтот, што сега е видливо.
„Индикаторите за денес се такви што нашите мерки за активност се поголеми од оние на Русија. Ова е многу суштински резултат“,
изјави украинскиот претседател, без да даде подетални објаснувања.
Генералштабот на украинската војска, во објава на Телеграм, соопшти дека во еден од нападите е предизвикан пожар во фабрика во близина на Москва, специјализирана за производство на високопрецизно оружје. Дополнително, во извештајот, се наведува дека во укранските напади бил погоден команден пункт што ги надгледувал движењата на беспилотните летала во дел од источниот регион Донецк во Украина, кој е окупира од Русија.
Во врска со украинските напади се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која ги оцени како терористички чин.
„Истовремено со звуците на песните од Евровизија, режимот во Киев, финансиран од ЕУ, изврши уште еден масовен терористички напад“,
пренесува новинската агенција ТАСС дел од изјавата на Захарова.
Во меѓувреме и двете страни во конфликтот негираат дека во меѓусебните напади гаѓале цивилни цели.
Украина ги засили нападите со беспилотни леатала врз цели длабоко во Русија во последните недели, таргетирајќи ги рафинериите за нафта, депоа и цевководи. Двете страни се обидуваат да нанесат што повеќе штети врз клучната инфраструктира една на друга и на тој начин да ги ослабнат економските и воените капацитети на двете земји кои се војна од февруари 2022 година.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, цитиран од ТАСС, изјавил дека воздушната одбрана уништила 81 беспилотно летало што се упатило кон Москва, ноќта меѓу саботата и неделата, што укажува на размерот на украинскиот напад врз руската престолнина, пренесе Ројтерс.

Собјанин изјавил дека во нападите биле ранети 12 лица, претежно во близина на влезот на московската рафинерија за нафта, а биле оштетеји и три станбени објекти. Во нападот, како што навел тој не бил оштетен технолошкиот дел на рафинеријата.
Гувернерот на московскиот регион, Андреј Воробков, изјавил дека жена била убиена откако бил погоден станбен објект во местото Химки, северно од главниот град, додека спасувачи ги пребарувале урнатините во потрага по уште едно лице. Двајца мажи, според извештаите, биле убиени во селото Погорелки во областа Митишчи.
Најголемиот руски цивилен аеродром „Шереметјево“, во Москва, соопшти дека остатоци од беспилотни летала паднале на кругот на аеродромот, но не предизвикале штета.
