Според првичните извештаи, експлозијата се случила за време на леење стопен челик, кога дел од кранска конструкција се откачил и паднал во електрична печка
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 други се повредени, од кои двајца потешко, во експлозија во фабрика за железо и челик во Западна Турција, објави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

За да се утврдат околностите под кои настанала експлозијата во округот Алиага во Измир, започната е истрага.
„Започната е истрага за да се утврдат причината и околностите за овој трагичен инцидент, кој длабоко ја растажи нашата нација, како и евентуалните пропусти и одговорните лица“,
изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Гувернерот на Измир, Сулејман Елбан, изјави дека експлозијата се случила во 11:46 часот по локално време во фабриката за железо и челик „Хабаш“. Според првичните извештаи, експлозијата се случила за време на леење стопен челик, кога дел од кранска конструкција се откачил и паднал во електрична печка.
Од фабриката соопштија дека несреќата се случила во текот на планираните активности за одржување на една од печките.
İzmir Aliağa’da demir çelik fabrikasında patlama meydana geldi. Bölgeye sağlık ve itfaiye ekipleri sevk edildi. https://t.co/LTl4DCiEAf https://t.co/zEokr8mcIP
— TRT HABER (@trthaber) November 9, 2026
