Двете лица кои го извршиле нападот се убиени од страна на руската војска, откако била нападната нивната база во областа Белгород која се граничи со Украина. Од руското министерство за одбрана велат дека најмалку 11 руски војници загинале во нападот а 15 се повредени. Двата извршители на нападот се идентификувани како државјани на Заедница за независни држави, која ги опфаќа сите поранешни советски републики со исклучок на балтичките земји, Украина, Грузија и Туркменистан.
Ројтерс и Асошиејтед Прес пренесуваат дека нападот се случил додека руските доброволци имале обука на полигонот во воената база. Нападот доаѓа неколку недели откако во Русија беше прогласена делумна мобилизација на населението.
Утринава, руски ракетен напад оштети клучен објект во главниот град на Украина, Киев, соопшти операторот на електроенергетскиот систем на земјата. Гувернерот на Киев, Кулеба изјави дека во нападот нема ниту жртви ниту ранети.
Компанијата за пренос на електрична енергија Укренерго соопшти дека екипите за поправка работат на враќање на струјата, но ги предупредиле жителите за можни прекини. Локалните власти ги повикаа жителите на областа Киев и жителите на трите соседни региони да ја намалат потрошувачката на енергија во вечерните часови на најголема побарувачка.