На 2 и 3 јануари, како што соопшти МЖСПП, во Кичево ае надминат дефинираниот праг на алармирање, односно во текот на двата дена на овие места имало повеќе од 150 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информира дека на мерното место во Кичево е надминат прагот на на алармирање за аерозагадувањето во два последователни дена.
На 2 и 3 јануари, како што соопшти МЖСПП, во Кичево ае надминат дефинираниот праг на алармирање, односно во текот на двата дена на овие места имало повеќе од 150 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички.
„Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Кичево за епизодата на алармантно загадување на воздухот“,
велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Инаку, во моментов, според платформата „Ај-кју-ер“ во Скопје се измерени 63.8 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, а ПМ 10 честичките се со концентрација од 140.4 микрограми на кубен метар.
Скопје вечерва е на 16. позиција според листата на загадени градови во светот со индекс на аерозагаденост 155.