Низ болниците во земјава се хоспитализирани вкупно 1 049 пациенти кои се позитивни на ковид-19 или се суспектни на вирусот. Како што информира Министерството за здравство, на Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 155 пациенти од кои на кислородна поддршка се 134 пациенти. Само во последниве 24 часа на оваа Клиника се примени нови 10 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и три суспектни на ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има седум нови приеми во последното деноноќие и бројот изнесува вкупно 79 пациенти. Од нив седум се на респиратор.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 пациент, додека пак на Кожната клиника 23 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на ковид-19.