Бројот на новозаразени случаи со ковид-19 расте во континуитет последниве неколку недели, а според денешните податоци на Министерството за здравство во моментов активни се 15 975 случаи. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 42 540, бројката на оздравени пациенти е 25 353, а на починати е 1 212.
Речиси половината од активните ковид-случаи во моментов во земјава се на територијата на Скопје – 7 410. Вкупно во главниот град од почетокот на епидемијата се регистрирани 18 647 ковид-случаи.
Скопски општини со најмногу активни случаи се Аеродром -1 161 и Гази Баба – 1 007, а со нешто помалку случаи веднаш зад нив се и Карпош – 987, Центар – 956 и Кисела Вода – 922. Во Ѓорче Петров има вкупно 595 активни случаи, во Чаир се 444, а во Бутел вкупно 389.
Општина Илинден во моментов брои 183 активен случај, а Шуто Оризари вкупно 123.
Под 100 активни има во Сарај – 81, Петровец –73, Чучер Сандево – 65 и Сопиште – 57, додека пак под 50 активни ковид-случаи има во Зелениково -42, Студеничани – 36 и Арачиново -20.
Во статистиката во моментов има и 150 нераспределени случаи, чии епидемиолошки анкети се во тек по што ќе се знае на кои општини припаѓаат.
Во денешниот ковид-билтен забележани се и 199 странски државјани.
Детали за состојбата по градови прочитајте ТУКА.