На листата се наоѓаат над 1 000 институции, како министерства, општини, судови, болници, училишта, јавни претпиријатија. Меѓу министерствата набројани се Министреството за политички систем, за земјоделство, за правда, за транспорт и врски. Меѓу општините кои не испратиле податоци во ДКСК се Арачиново, Гостивар, Илинден, Куманово, Кичево, Охрид, Чаир, Петровец, Кисела Вода и други
Листа на институции кои не ја исполниле законската обврска за доставување на податоци за моторните возила со кои располагаат, ниту доставиле информација дека не располагаат со службени возила, односно располагаат со службени возила со Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, висовите на мерки и активности и степените на обебзедување, објавила Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
„Согласно со член 8-б став 2 од Изборниот законик, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица пто располагаат со државен капитал, се должи во рок од десет дена од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до Државната комисија за спречување на корупцијата да достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната сотојба на моторните возила со кои располагаат“,
се вели во соопштението од ДКСК.
Антикорупциската комисија листата ја објавила на 48 страници. Оттаму велат дека доколку институциите не ги достават податоците ќе покренат прекршочна постапка во рок од 15 дена од истекот на рокот за доставување на податоците.
„Имајќи в предвид дека постои правна празнина, односно во Изборниот законик не се предвидени прекршочни санкции за непочитување на наведената обврска, ДКСК нема можност за покренување на прекршочни постапки по овој основ“,
велат од Антикорупциската комисија.
На листата се наоѓаат над 1 000 институции, како министрерства, општини, судови, болници, училишта, јавни претпиријатија. Меѓу министерствата набројани се Министреството за политички систем, за земјоделство, за правда, за транспорт и врски. Меѓу општините кои не испратиле податоци во ДКСК се Арачиново, Гостивар, Илинден, Куманово, Кичево, Охрид, Чаир, Петровец, Кисела Вода, но и градот Скопје.