Гувернерката Јурико Коике побарала од централната власт да дозволи казни за фирмите кои им пркосат на мерките и за оние кои не ги почитуваат
Градот Токио денеска побара дозвола од Владата за спроведување итни мерки за сузбивање на брзото ширење на коронавирусот, на околу три месеци до најавениот почеток на Олимписките игри.
Токио во јануари ја укина вонредната состојба, а гувернерката Јурико Коике соопшти дека побарала од централната власт да дозволи казни за фирмите кои им пркосат на анти- ковид мерките и казни за оние кои не ги почитуваат.
Барањето на Токио доаѓа ден откако префектурата Осака побара итна медицинска помош поради максимална исполнетост на болничките капацитети со новозаразени со коронавирус.
Токио во средата имаше 555 нови случаи на заразени со коронавирус што е највисока бројка од почетокот на февруари.
Коике истакна оти е вознемирена од брзото ширење на новите мутации на коронавирусот, особено британскиот.
„Прашање на време беше само кога Токио ќе се соочи со ситуација слична на онаа во Осака“,
вели гувернерката на јапонската престолнина, која во јули треба да биде домаќин на Олимписките игри.