Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на патиштата во земјава се одвива непречено, но апелираат на внимателност на патниот правец Градско – Неготино – Демир Капија поради појава на магла и намалена видливост до 100 метри
На граничниот премин „Табановце“ утринава се чека и до половина час за излез од земјава, информира Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).
На останатите гранични премини, пак, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на патиштата во земјава се одвива непречено, но апелираат на внимателност на патниот правец Градско – Неготино – Демир Капија поради појава на магла и намалена видливост до 100 метри.
Од Сојузот препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
„Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“,
додаваат оттаму.