Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен, информираат од АМСМ. На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу еден час. На преминот „Богородица“, пак, за излез се чека до 30 минути.
На останатите гранични премини, како што информира АМСМ, од македонска страна, нема подолги задржувања, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.