На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата
На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на патиштата низ државата се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.