Со договорот меѓу Белград и Приштина, Србија се обврза да не издава декларации за косовските лични карти, а за возврат косовска страна ќе им овозможи на сите што имаат српски лични карти да можат непречено да влегуваат и излегуваат од Косово
На полноќ, според планираното, започна имплементацијата на договорот меѓу Белград и Приштина, според кој на граѓаните кои влегуваат во Србија со косовски лични карти нема да им се издаваат дополнителни обрасци за декларација.
Десет минути по полноќ автобус со косовски регистарски таблички влегол во централна Србија, а патниците биле подложени на рутинска проверка на документите.
Забележително е зголемено присуството на војниците на КФОР, кои се наоѓаат недалеку од административните премини Брњак и Јариње.
U ponoć je počela primena dogovora Beograda i Prištine, https://t.co/z0zJelCFcK je na prelazu Jarinje: pic.twitter.com/GAKU0Eg0kL
— nova.rs (@novarsonline) August 31, 2022
Со договорот меѓу Белград и Приштина, Србија се обврза да не издава декларации за косовските лични карти, потег за кој српските власти инсистираат дека не значи признавање на Косово.
За возврат од косовска страна, сите што имаат српски лични карти ќе можат непречено да влегуваат и излегуваат од Косово.
Кога косовската влада последен пат се обиде да ја спроведе одлуката за реципроцитет, Србите од северно Косово одговорија со подигање барикади.