Информацијата за неговата смрт ја објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ), додавајќи дека веста за смртта на Бошковски е примена со длабока тага и неверување
На 47-годишна возраст ненадејно почина реномираниот македонски ракометен стратег Андон Бошковски-Доне.
Информацијата за неговата смрт ја објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ), додавајќи дека веста за смртта на Бошковски е примена со длабока тага и неверување.
„Со длабока тага и неверување Ве информираме дека ненадејно почина Андон Бошковски – Доне. Сочувство до семејството, нека почива во мир“,
стои во објавата на Ракометната федерација на Македонија на фејсбук.
Голем број македонски ракометни екипи беа предводени од Бошковски. На домашната сцена беше на чело на Металург, Вардар 1961, Работнички, Младост Богданци, Еурофарм работник, Струга, Голден Арт, Радовиш и Пролет.
Бошковски имаше и меѓународна кариера. Беше селектор на Грузија, а измината полусезона го предводеше косовскиот прволигаш Вуштрија.