Со последните бројки, 25 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 74 076 граѓани, објави Министерството за здравство.
Вчера се вакцинирани 9 123 граѓани, од кои со прва доза 7 963 граѓани.
Според податоците на Министерството, во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92 253 граѓани.
Со последните бројки, 25 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина.
Според Националниот план за вакцинација, во моментов вакцинацијата се спроведува кај возрасни лица, граѓани што се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, како и вработени во критична инфраструктура.
Масовна вакцинација се одвива во неколку града во државата, и тоа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk.