Преку веб-платформата vakcinacija.mk досега се пријавиле 447 543 граѓани
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 254 154 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 10 065 граѓани, од кои со прва доза 1 450 граѓани. Во државата вкупно се дадени 431 174 дози, а ревакцинирани се 177 020 граѓани.
Со последните бројки, 48% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 42% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза и 35% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза.
Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во „А1 арената“ во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 447 543 граѓани.