Во изминатото деноноќие, на ниво на целата држава, 126 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Исто така, поради неносење лична заштита на лице, регистрирани се 18 прекршоци.
За последните 24 часа на територијата на цела држава, на 68 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација.
При контроли кај лица во изолација и самоизолација, МВР не евидентира лица што не ја почитувале мерката.