Турските и кинеските државјани биле приведени во полициска станица, а потоа било поднесено барање за поведување на прекршочна постапка. Основниот суд Неготино им изрекол глоби во износ од по 200 евра, како и мерка за доброволно враќање во рок од седум дена
Полицијата вчера затекнала тројца турски и двајца кинески државјани на градилиште во Демирхисарско, каде што биле работно ангажирани без да имаат одобрение за престој во државата врз основа на вработување, информира Министерството за надворешни работи (МВР).
Оттаму велат дека турските и кинеските државјани биле приведени во полициска станица, а потоа било поднесено барање за поведување на прекршочна постапка. Основниот суд Неготино им изрекол глоби во износ од по 200 евра, како и мерка за доброволно враќање во рок од седум дена.

„Полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ и државен инспектор за труд вчера извршиле контрола на градилиште над демирхисарското село Дрен, каде биле затекнати С.В.(47), А.Х.(33) и А.Р.(60) од Република Турција“,
информираат од МВР.
При контролата било констатирано, како што се вели во соопштението од МВР, дека престојуваат спротивно на целта, односно биле работно ангажирани за фирма од Скопје без да имаат одобрение за престој врз основа на вработување, па затоа, поради сомнение за сторен прекршок по член 217 став 1 од Закон за странци, лицата биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово.
„Полицијата вчера, во 12:45 часот, на земјен пат од село Дрен кон истото градилиште извршила контрола на патничко возило ‘дачиа дастер‘ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(34), а сопатник бил М.З.(28), двајцата од Народна Република Кина. Притоа било констатирано дека двајцата немаат пријавено престој во државата, односно постапиле спротивно на член 190 став 3 од Законот за странци. Лицата биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово“,
соопшти МВР.