Од Министерството најавуваат дека по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР) петмина од нив возеле без возачка дозвола, еден со брзина поголема од дозволената и еден со активна забрана и под дејство на алкохол.

„Двајца возачи во Прилеп и по еден во Скопје, Гостивар и Гевгелија управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Гевгелија управувал возило со брзина поголема од дозволената, додека еден возач во Охрид управувал возило со активна забрана и под дејство на алкохол“,
се вели во соопштението од МВР.
Од Министерството најавуваат дека по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка забрана за управување, или доколку се под дејство на алкохол.
