Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата на „360 степени“ дека во оружен грабеж во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, рано изутрината се убиени две лица.
„На 15.02.2020 во 04.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х. (22) од Косово, кој починал на местото. Додека, според пријавеното, Б.Н. (20) од с. Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал“,
информираат од МВР.
Разбојниците од касата го озделе дневниот промет и избегале. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите, велат од МВР.