Измената на Законот за патни исправи е направена за да им се излезе пресрет на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи
Важноста на пасошите, дипломатските и службените пасоши, чиј рок на важење е истечен или истекува по 31 јули 2020 година, е продолжена до 31 декември годинава, соопшти МВР повикувајќи се на Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи објавен во „Службен весник“ на 3.6.2021 кој стапи во сила на 11.6.2021, а ќе се применува од 1.7.2021.
Измената на Законот за патни исправи е направена за да им се излезе пресрет на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.
Ова уште во март го најави министерот Бујар Османи, со образложение дека нашинците во странство за да добијат нов пасош ги сликаат мобилни тимови, но проблемот се појавува во Кина, каде што секој што ќе влезе мора да биде 30 дена во карантин.