МВР денеска или утре ќе поднесе до Владата уредби со законска сила за продолжување на важноста на личните документи, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев одговарајќи на новинарско прашање.
Чулев тука ги наброја личните карти, пасошите, возачките дозволи и дозволите за престој на странци. Прашањето беше во контекст на тоа што лицата вработени во управните служби работат без заштита, а притоа имаат контакти со македонски граѓани кои доаѓаат од ризичните земји, а дошле да си земат лични документи. Исто така, Чулев рече дека се размислува и за друг начин на издавање на документите.