Министерството за внатрешни работи соопшти дека била лажна дојавата за наводно поставена бомба во зградата на Народната банка во Скопје.
„Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите, а кои и НБРСМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен. Денеска (13.01.2024) по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава“,
стои во соопштението на полицијата.
МВР ги смирува граѓаните потенцирајќи дека институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти.