Неофицијално, како што објави Канал 5, до Народната банка била испратена дојава за поставена бомба. „360 степени“ се обрати до Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со ваквите наводи, засега нема официјален одговор оттаму
Зградата на Народната банка во Скопје од попладнево е под силно полициско обезбедување. Пред објектот се паркирани неколку полициски возила, а на терен се повеќе полициски службеници.
Според неофицијалните информации кои ги објави Телевизија Канал 5, до Народната банка била испратена анонимна дојава за поставена бомба во објектот.
„360 степени“ се обрати до Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со ваквите наводи, но засега нема официјален одговор оттаму.
Сообраќајот во овој дел од градот во моментов се одвива непречено.