Ситуацијата се смири по интервенцијата на другите пратеници и обезбедувањето

Конститутивната седница на косовското собрание беше прекината денеска кратко откако пратеничката од опозицијата Тиме Кадријај го нападна со јајца в.д. премиерот на Косово, Албин Курти.
Инцидентот настана откако Курти побара одложување на конститутивната седница поради дополнителни консултации.
Откако тој седна, Кадријај стана и неколку пати фрлаше јајца врз него.
Ситуацијата се смири по интервенцијата на другите пратеници и безбедносните сили.

Настанот го привлече вниманието и на светските медиуми.
Курти е лидер на Самоопределување, партија што освои најмногу мандати на предвремените парламентарни избори, но не доволно за самостојно мнозинство. Имаат 53 од 120 места во парламентот, по третите парламентарни избори за само 18 месеци.
