Македонската православна црква – ОА и Српската православна црква, по долги години прекин на комуникацијата, минатиот викенд повторно седнале на заедничка маса, објави религија.мк.
Средбата се одржала во Ниш, далеку од очите на јавноста, а присуствувал и Српскиот Патријарх Порфириј.
Веста за враќањето на дијалот на маса ја објави, Зворничко-тузланскиот епископ Фотиј, денеска на прповед по литургијата за Свет Ѓорги. Српскиот епископ не открива кој се бил во делегацијата на МПЦ-ОА, ниту пак во делегацијата на СПЦ, во од говорот може да се забележи дека присуствувал Спрскиот патријарх Порфириј и тој, како епископ член на Синодот на СПЦ.
„Како дел од Синодот на СПЦ, бев во придружба на неговата Светост овие денови. Првиот ден имавме средба со претставници на Македонската Православна Црква во Нишката епархија. Тоа е еден интересен дијалог на љубов, вера и надеж и се надеваме, ако даде Бог, можеби може да се случи, но прво треба сите ние да се молиме на Бога, Македонската православна црква, односно Охридската Архиепископија, во мај месец на овој Собор во Белград, повторно да се врати во канонско едниство со Српската православна црква, а со тоа во канонско единство и со сите помесни православни цркви. Тоа е голем предизвик што стои пред нас, ако даде Бог по молитвите на Владиката Николај, Охридски и Жички, по молитвите на Светите Кирил и Методиј, Светите Климент и Наум и други светители, Свети Сава Српски, да се воспостави тоа единство, да се залечи тој раскол кој постои од 1967 година. Сега сме тука на прагот, тој да се реши ако Бог даде, затоа апелирам да му се молите на Бога, сите вие и сите ние, за да се реши тоа за Слава на Бога и за добро на нашите свети цркви. Но и за добро на нашиот српски народ и за добро на македонскиот народ, кои се два братски народи“,
вели г. Фотиј.
„Религија.мк“ анализира дека за обележување е оптимизмот со кој епископот Фотиј зборува за резултатите од средбата. Според него можно е уште овој месец на мајскиот Собор на СПЦ во Белград, МПЦ-ОА да се врати во канонско единство со СПЦ.
Што подразбира тоа, и за какво канонско единство, што е договарано и на што се согласиле македонските владици, г. Фотиј не открива, но вели дека сега е можноста расколот од 1967 година да се реши.