Според синдикалната минимална кошница на ССМ, минималните месечни трошоци во јуни се намалени за 88 денари во однос на претходниот месец

На едно четиричлено семејство овој месец му биле потребни 68 654 денари за да ги задоволи основните потреби, покажувуваат податоците од синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
За оние семејствата што живеат во изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималните трошоци за нормално функционирање се повисоки за дополнителни 15 370 денари и достигнуваат 84 024 денари.
За да се прехрани едно четиричлено семејство во јуни му биле потребни минимум 25 120 денари.
За подмирување на сметките за струја, вода, греење и други комуналии биле неопходни 6 379 денари, додека за обновување на гардеробата, биле потребни околу 100 евра, односно 6 511 денари.
Според синдикалната минимална кошница на ССМ, минималните месечни трошоци во јуни се намалени за 88 денари во однос на претходниот месец.
Во однос на истиот месец лани, синдикалната минимална кошничка овој јуни е повисока за 3 956 денари. Лани само за храна граѓаните потрошиле 1 953 денари помалку во однос на овој месец.
