Проруските власти објавија дека во сите четири региони Украинците во голем процент гласале за приклучување кон Русија. Во регионот Донецк во источна Украина, на пример, 99,2 отсто од оние што излегле на референдумот гласале за приклучување
Во меѓувреме, Европската Унија го осуди, како што рече, незаконското гласање на референдумот за приклучување кон Русија
Властите во четирите украински области окупирани од Русија прогласија победа на референдумите објавувајќи тврдења дека огромно мнозинство жители гласале за приклучување кон Руската Федерација, пишува Еуроњуз.
Проруските власти објавија дека во сите четири региони Украинците во голем процент гласале за приклучување кон Русија. Во регионот на Донецк во источна Украина, 99,2 отсто од оние што излегле на референдумот гласале за приклучување. Во регионот Луганск руските претставници изјавија дека конечниот резултат бил 98,4 отсто во корист на анексијата.
Изборното тело во Запорожје објави дека 93,1 отсто од жителите гласале за анексија, додека во Херсон нешто над 87 отсто од гласачите гласале за приклучување кон Руската Федерација.

Москва во рок од неколку дена би можела официјално да ги присоедини четирите региони Луганск, Донецк, Херсон и Запорожје кои опфаќаат околу 15 отсто од Украина.
„Референдумите завршија. Резултатите се очигледни. Добре дојдовте дома, во Русија!“,
напиша на Телеграм Дмитриј Медведев, поранешен претседател кој ја извршува функцијата заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.
Во меѓувреме, Европската Унија го осуди, како што рече, незаконското гласање на референдумот за приклучување кон Русија.
„ЕУ го осудува одржувањето на нелегални референдуми и нивниот фалсификуван исход. Ова е уште едно нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во услови на системско кршење на човековите права“,
напиша на Твитер шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
EU denounces holding of illegal “referenda” and their falsified outcome.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) September 28, 2022
This is another violation of Ukraine’s sovereignty + territorial integrity, amidst systematic abuses of human rights.
We commend the courage of Ukrainians, who continue to oppose & resist Russian invasion.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање на социјалните мрежи кажа дека ниту едно од криминалните дејствија на Русија нема да промени ништо за Украина.
„Ја признаваме Повелбата на ОН, ги признаваме основните принципи на соживот на народите. Но, ние ќе продолжиме да дејствуваме со цел да го заштитиме нормалниот живот во Украина, Европа и во светот“,
рече Зеленски додавајќи дека ќе дејствуваат за заштита на народот во Херсонската Област, во регионот Запорожје, во Донбас, во моментално окупираните области на Харковската Област и на Крим.
По спроведените референдуми во четирите украински области, рускиот претседател Владимир Путин би можел да го искористи обраќањето во двата дома на рускиот парламент закажано за в петок да прогласи припојување на окупираните украински територии кон Руската Федерација.