Бирото за развој на образованието, под чија надлежност е спроведувањето на постапката за набавка на педагошка документација за училиштата, вклучително и свидетелствата, од МОН велат дека веќе ја има реализирано оваа обврска
Свидетелствата за оваа учебна година учениците од основните и средните училишта ќе ги добијат навреме, односно во текот на јуни, информираат од Министерството за образовани и наука (МОН).
Бирото за развој на образованието, под чија надлежност е спроведувањето на постапката за набавка на педагошка документација за училиштата, вклучително и свидетелствата, од МОН велат дека веќе ја има реализирано оваа обврска.
„Според информациите од БРО, склучен е договор со економски оператор и тој веќе ги испорачува свидетелствата за сите одделенија, а завршена е доставата за учениците од четврто и деветто одделение во основните училишта, како и за учениците од завршните години во средното образование“,
се вели во соопштението од МОН.