Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува кандидатот за министер за здравство и досегашен директор на ФЗО, Сашо Клековски, се емитува вечерва (6 јули 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 гостува Сашо Клековски, кандидат за министер за здравство и досегашен директор на Фондот за здравствено осигурување, кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Клековски е доктор по медицина (дипломирал на Медицинскиот факултет при УКИМ), но воопшто не работел како доктор, туку по студиите се вработил во невладиниот Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) каде што остана две децении. Во интервјуто го прашуваме – зошто се нафаќа да биде министер ако реалната моќ во здравството е во Фондот за здравствено осигурување (Фондот има буџет од 910 милиони евра, а Министерството за здравство – 130 милиони); дали мотивот треба да се бара во менаџирање на претстојниот голем инвестициски циклус (вреден 200-300 милиони евра) за изградба на клиничките болници во Штип (со Медицински факултет и студентски дом) и во Тетово, на општата болница во Кичево и на реконструкција на други болнички капацитети. Тема се и (не)остварените предизборни ветувања во оваа област, долговите на јавните здравствени установи, дигитализацијата на системот, случајот со непотребните операции на срце…
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
