Најголем дел од запишаните ученици се во стручните училишта и тоа 10 823, а 4 653 ученици се во гимназиско образование

Во двата уписни рока во јуни во средно училиште се запишале 15 705 ученици.
Од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека за настава на македонски јазик се запишани 11 171 ученик, а 4 241 ученик ќе следат настава на албанси јазик. Настава на турски јазик ќе следат 279 ученици и 14 идни средношколци ќе учат на српски јазик.
Најголем дел од запишаните ученици се во стручните училишта и тоа 10 823, а 4 653 ученици се во гимнаиско образование.
Во Спортска академија се запишани 229 ученици, а во уметничкото образование, од МОН велат дека се уште не е завршен процесот на селекција.
Второто пријавување беше спроведено на 23 јуни кога се пријавиле 2 927 ученици, од кои 1 457 ученици за настава на македонски јазик, 1 369 ученици за настава на албански и 101 ученици за настава на турски јазик.
На првото пријавување за запишување во средно образование, спроведено со електронско аплицирање од 12 до 15 јуни пријавени беа 15 075, а се запишаа 13 423 ученици.
