Оттаму додаваат тие како министерство и Владата ќе бидат партнери на синдикалните организации и се отворени за соработка и размена на мислења и ставови за да подобрат условите за просветните работници, а со тоа и да се зголеми квалитетот во образованието
Министерството за образование и наука (МОН) попладнево ја поздрави одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) да го стави штрајкот во мирување и од утре да започне наставата во основните и средните училишта.
Како што велат, спремни се да го продолжат дијалогот, а помирувач во случајот ќе бараат да најде Министерството за труд и социјална политика.
„Тргнувајќи од итноста за заштита на јавниот интерес на граѓаните, правото на образование и последиците кои можат да настанат во случај кога овој процес е прекинат, а воедно земајќи ги предвид и барањата на СОНК, Министерството за образование и наука постапи согласно Законот за мирно решавање на работните спорови и во текот на денешниот ден упати барање до Министерството за труд и социјална политика за одредување на помирувач во овој процес. Со оваа одлука, Министерството за образование и наука ја искажува спремноста за продолжување на процесот на преговори со социјалните партнери и изнаоѓање на најдоброто решение за сите во овој случај“,
велат од МОН.
Оттаму додаваат тие како министерство и Владата ќе бидат партнери на синдикалните организации и се отворени за соработка и размена на мислења и ставови за да подобрат условите за просветните работници, а со тоа и да се зголеми квалитетот во образованието.
Претходно за известувањето од МОН за мирно решавање на спорот, претседателот на СОНК, Јаким Неделков, соопшти дека се консултирале со правници и одлучиле засега да го стават штрајкот во мирување, но и додаде дека ако нема решение повторно ќе се активира.