Момчето кое утрово е пронајдено мртво во водите на Охридското Езеро е ракометниот голман Никола Даниловски.
Тој бил пријавен за исчезнат синоќа околу 21 часот. Според првичните информации, кои претходно ги пренесе дописникот на МИА од Охрид, на телото нема траги на насилство.
Телото е пронајдено во близина на туристичката населба Лагадин.
Даниловски го бранеше голот на ракометниот клуб Охрид, а често беше дел и од македонската репрезентација.
„Последен поздрав од ракометниот клуб Охрид за голманот Никола Даниловски-Џамбо. Засекогаш ќе бидеш еден од нас!“,
објавија од неговиот клуб.