Со ова, бројот на дипломатско-конзуларни претставништва опремени со ваква опрема се зголемува на 15
Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека испратиле мобилна екипа во нашата амбасада во Пекинг, со што драстично се скратува постапката за издавање пасоши за нашите државјани и во НР Кина.
„Со новата опрема, времето на чекање е скратено на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена). Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможен со рестриктивни мерки за карантин“,
велат од МНР.
Со ова, бројот на дипломатско-конзуларни претставништва опремени со ваква опрема се зголемува на 15.
„Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети на Министерството за надворешни работи за време на овој мандат“,
додаваат од МНР.