Се работи за двајца мажи и една жена, членови на екипажот на бродот
Тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на крузерот „Дајмонд принцес“, кој е закотвен во Јокохама во Јапонија поради откриени случаи на коронавирус се во добра здравствена состојба, соопшти Министерството за надворешни работи, откако нашата амбасада во Јапонија остварила директна комуникација со двајцата мажи и една жена кои се членови на екипажот на крузерот.
Претходно денеска јапонското Министерство за здравство соопшти дека по тестирањето на 3 700 патници на крузерот уште 60 лица се позитивни за коронавирус, со што вкупниот број на заразени сега е 130.