Местата за нив, како што информираат од Министерството за надворешни работи, се обезбедени преку израелското Министерството за транспорт, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина
Четиричлено семејство – мајка со три деца утре – ќе биде евакуирано од Тел Авив, најавија денеска од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Местата за нив се обезбедени преку израелското Министерството за транспорт, во рамки на организираните летови што се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина.
„Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 23 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25. Меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш“,
информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Оттаму додаваат дека во следните денови се очекува дополнителен број македонски државјани да добијат можност за евакуација од Израел, а до другите граѓани апелираат да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната ситуација е сериозно влошена.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани сè до нивната безбедна евакуација“,
додаваат од МНР.
МНР ги наведува и СОС-броевите на кои може да се обратат граѓаните (+389 75 273 732 и +389 75 268 736), како и дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив (+972 54 500 8566 и +972 54 967 054).