Оттаму го повторија апелот до сите граѓани и здруженија на граѓани за „зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите“, напоменувајќи дека „мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас“
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најстрого го осуди кршењето на таблата на неодамна отворениот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин кој се случи денес, 12 октомври во Охрид, со кој е искршена таблата на неодамна отворениот клуб. Потсетуваме дека според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани на Република Северна Македонија имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања. Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи“,
се наведува во соопштението на МНР.
Оттаму го повторија апелот до сите граѓани и здруженија на граѓани за „зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите“, напоменувајќи дека „мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас“.
Вториот бугарски културен клуб во земјава, „Цар Борис Трети“ беше отворен на 7 октомври во Охрид, а на денот на отворањето пред неговите простории се одржа протест инициран од политичката партија Левица, а беше поддржан и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Протестот помина во тензична атмосфера, а револтираните граѓани го изразија своето незадоволство против, името на клубот.