Од МВР ги повикуваат младите да дојдат во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори
Министерството за внатрешни работи денеска во периодот од 8 до 15 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата (за Скопје во пунктот „Пролет“) за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ.
Од МВР ги повикуваат младите да дојдат во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.
Вчера и техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски кажа дека отпочнува акција со која се повикуваат сите млади граѓани. Тој смета дека не е голем обемот на издавање на лични карти за оваа група граѓани и дека може да се сработи за еден ден.
„Тие ќе можат да се фотографираат за лична карта. Таа ќе биде изработена во разумен рок и со неа ќе можат да се легитимираат на избирачките места и да го остварат правото на глас. Предност ќе им се даде на оние млади луѓе кои немаат патна исправа, а сакаа да обезбедат лична карта“,
кажа Тошковски.