„360 степени“ исто така, веќе објави дека понудата на германската компанија е малку помала од проценетата вредност и била најниска во споредба со останатите три фирми кои конкурирале. Конкретно, за оваа набавка беа планирани 11,7 милиони евра (720 милиони денари), а понудата од „Дермалог“ е 11,2 милиони евра (688 милиони денари)
Во ДИК, според нашите информации, пристигнало писмо од респектабилна невладина организација од Авганистан, во кое се предупредува за тамошното лошо искуство со „Дермалог“ со неколку спорни аспекти кои ги детектирале набљудувачите
Набавката на уредите за читање отпечатоци од прст за гласање се огромен чекор кон демократијата, а формата од која се набавуваат е реномирана меѓународна корпорација, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, за тоа што мисли за постапката за набавка на терминалите кои беа еден од главите услови што опозицијата ги постави за фер и кредибилност на процесот на гласање на локалните избори закажани за 17 октомври.
„Од информациите што ги добив од претседателот на ДИК, постапката за нивна набавка е завршена. Тоа е огромен чекор кон демократијата и ставање крај на злоупотреби како што се семјно и групно гасање, а воедно ќе може да утврди врз основа на базата на податоци, колку луѓе има во Македонија, без манипулација“,
рече Мицкоски.
Тој очекува МВР во најскоро време да го заврши процесот со кој базата на податоци на граѓаните ќе ги стави на располагање на ДИК.
За компанијата од која се набавуваат, Мицкоски рече дека се работи за реномирана.
Како што веќе објави „360 степени“, уредите за читање отпечаток од прст, со кои ќе се врши биометриска идентификација на гласачите на претстојните локални избори во октомври, дефинитивно, ќе се набават од германската компанија „Дермалог“, откако заврши жалбената постапка пред Државната комисија за жалби по јавни набавки, пред која пристигнала жалба од една од останатите три фирми кои конкурираа на тендерот на ДИК.
„360 степени“ исто така, веќе објави дека понудата на германската компанија е малку помала од проценетата вредност и била најниска во споредба со останатите три фирми кои конкурирале. Конкретно, за оваа набавка беа планирани 11,7 милиони евра (720 милиони денари), а понудата од „Дермалог“ е 11,2 милиони евра (688 милиони денари).
Но, исто така во ДИК, според нашите информации, пристигнало писмо од респектабилна невладина организација од Авганистан, во кое се предупредува за тамошното лошо искуство со „Дермалог“ со неколку спорни аспекти кои ги детектирале набљудувачите.