Мицкоски потенцираше дека пред да се одлучат на референдум, тие го мереле јавното мислење и правеле анкети
Власта се исплаши од успешен референдум. Анкетите покажуваа дека референдумот ќе беше успешен. Тие се исплашија дека опозицијата ќе консолидира 910 илјади гласови и со тоа тие целосно ќе беа делегитимирани, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.
Мицкоски потенцираше дека пред да се одлучат на референдум, тие го мереле јавното мислење и правеле анкети.
„Јас најавив дека ќе биде концептот широк на консултации, се консултирав со многу луѓе, правни експерти, коалиционите партнерти тет а тет разговаравме со многу општествени активисти, со луѓето од Извршниот Комитет на партијата и Централниот Комитет“,
рече Мицкоски.
Тој смета дека опозицијата може единствено на овој начин да се спротистави на политиките на власта. Како што рече, единствен начин е да користат правни алати, а правната алатка е референдумот.
Според Мицкоски, собрани се доволен број потписи, формирана е граѓанска иницијатива и создале прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот.
Од Парламентот, посочи, очекувале демократски капацитет.
„Собравме доволен број потписи, формиравме граѓанска иницијатива, создадовме прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот. Очекувавме од Парламентот демократски капацитет и малку да бидат возрасни, сериозно да се однесуваат, а не да се однесуваат како налутено дете на кое му го земале фудбалот или топката. Они така се однесуваа насилнички, одлучи Талат Џафери да се стави над сите закони, го зароби правниот поредок и направи преседан“,
изјави Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека за овој потег, претседателот на Собранието добива жестоки критики и од поддржувачи на СДСМ.
„Мислам дека прво што Талат Џафери направи е што се стави над сите судови во Македонија, тој е сега судија над сите судови, бидејќи тој се стави над Уставниот суд, над уставните судии и нивните ингеренции и досуди дека ова било спротивно на Уставот. И со тој потег, бидејќи гледам дека и поддржувачи на СДСМ жестоко го критикуваат, тој не само што на отворена сцена се посрамоти себеси, туку ги посрамоти и тие кои што беа фасцилитатори на овој таканаречен последен предлог, затоа што он дефинитивно го окупираше, го приватизираше правниот и уставниот поредок во Македонија“,
рече Мицкоски.