Според Мицкоски, од она што го воочиле на терен, констатирале дека постои огромен притисок и обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, „мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ“
Имаме потврден случај дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, станува збор за општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда и каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПММЕ Христијан Мицкоски.
Како што нагласи тој, имале индиции дека кутии се полнеле на уште педесеттина други такви места низ Македонија, а излезноста се зголемила наеднаш по 18 часот.
Според Мицкоски, од она што го воочиле на терен, констатирале дека постои огромен притисок и обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, „мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ“.
„Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект“,
изјави Мицкоски по денешната посета на Општина Бутел.
Управниот суд ја прифатил жалбата на коалицијата „Влен“ за гласачкото место во Липково, каде што имало полнење кутии од страна на блиски луѓе на носителот на листа од ДУИ во оваа зона, со техника позната како „бугарски воз“. За ова вчера на прес-конференција информираше Валбон Лимани од коалицијата „Влен“, додавајќи оти во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот за претседателските избори 2024 година Арбен Таравари е прифатена.
„Решението на Државната изборна комисија се преиначува и пресудува дека жалбата поднесена од страна на Арбен Таравари од Гостивар, кандидат за претседател на претседателските избори 2024 година преку овластениот застапник Абедин Абдули во врска со постапка за гласање, собирање и утврдување на резултатите од гласањето во избирачкото место 1112/1 во општина Липково, според листите за претедателски кандидат 2024 година се прифаќа. Резултатите од организирањето на гласањето во ова избирачко место се поништуваат“,
рече Лимани.