Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска обвини дека имало обид за „купување“ пратеници од коалицијата која ја предводи неговата партија. Тој потенцира дека сите такви обиди биле одбиени.
„На оние пратеници на кои им се пристапени мистериозни личности кои се повикуваат на раководството на СДСМ, пријдоа, кажаа и со згрозување ги одбија. И јас со згрозување одбивам да коментирам ваков вид пазар зашто на тој начин само ги демотивираме и деморализираме нашите сограѓани за следните избори кои на една година од сега ќе бидат локални. Верувам во политичка мудрост, политичка програма и политичка филозифија, а не на пазар како што се случуваше во претходниот парламентарен состав“,
рече Мицкоски.