На средбата, Мицкоски, Николоски и Муцунски укажале и на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција, информираат од ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, се сретнале со евроамбасадорот Дејвид Гир. Како што информираат од партијатата, на средбата се разговарало за идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцентот бил ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
„Претседателот Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски го информираа амбасадорот Гир за ситуацијата во земјата, при што акцент во текот на разговорот се стави на корупцијата и криминалот. Тие го информираа амбасадорот за сознанијата дека речиси секој ден се појавува нов коруптивен скандал во кој се вклучени лица од Владата“,
се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата, додаваат оттаму, Мицкоски, Николоски и Муцунски укажале и на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција.
„Претседателот Мицкоски укажа на лошата економска ситуација во која е државата и за зголеменото незадоволство и сиромаштија кај граѓаните“,
информираа од ВМРО-ДПМНЕ.