Ветувам дека ние во првите шест месеци секаде каде што има основа за сторени криминал и корупција, ќе се одговара, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денешниот предизборен настап во Кавадарци, каде дел од карванот на опозицијата во ИЕ 4.
Тој упати критики до политичките противници и нивните претходни ветувања во различни сфери, меѓу кои и земјоделството, а најмногу за начинот за справување со пандемијата од ковид-19.
Покрај дргите верувања од програмата, Мицкоски порача дека правда и почитување на законите мора да има и дека за македонскиот јазик нема да се преговара.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, Александар Николоски рече дека успеале да се изборат за здравствени протоколи за безбедно гласање. Повика на масовно гласање, за да може по изборите,,да започне обновата”. Нагласи дека овие избори се пресудни и уверување во голема победа.