Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави амандмани на законот за попис, ама посочи дека опозицијата не може да го блокира неговото донесување, зато што е со европско знаме
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи попис како што планира Зоран Заев, затоа што со таков попис ќе излезе дека Македонија има три милиони жители, изјави во гостување на Алфа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Ваков како што е конципиран пописот нема да го признаеме. Затоа даваме предлог, дајте луѓе да набавиме 10 000 терминали, дајте да попишеме резидентно население, а не замислено население. И да знаеме колку население точно имаме“,
појасни Мицкоски.
Тој најави дека сите предлози ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преточи во амандмани.
„Ова не може да се сопре со филибастеринг, затоа што има европско знаменце. Треба да ѝ кажеме на јавноста што можеме, а што не можеме. Ние бараме да биде вистински статистичка операција, а нема потреба од два потписа. Еве, да одиме преку ‘фингерпринт’ терминали односно единици каде што ќе се чита отисокот на прст“,
истакна Мицкоски, алудирајќи на тоа дека законот за попис е класификуван како делод европските директиви, поради што амандманската расправа за него е ограничена.
Нагласувајќи дека опозицијата нема да го признае пописот вака како што е конципиран, Мицкоски рече дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе кредибилен попис, кој вистински ќе биде статистичка операција, а не на крај с да даде политички одговор.
„До ден денеска не е јавно презентирана методологијата на попишување. Знам дека има, но зошто таа методологија пред да влезе во ‘Службен весник’ не ја дадат на опозицијата, па и опозицијата да се изјасни“,
рече Мицкоски.